Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала останува во Рома, откако римскиот клуб ја одби понудата од Ал Кадсиа за трансфер. Со тоа екс играчот на Јувентус и натаму ќе игра во Серија „А“.
Рома ги разгледуваше сите можни опции, и на крајот одлучи дека Дибала ќе остане дел од „волчицата“ најмалку уште една сезона.
Неговиот договор со римскиот тим истекува на крајот од оваа сезона, и потоа може да си замине како слободен агент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА