Најдобрата македонска атлетичарка на долги патеки, Адријана Поп Арсова Рашиќ успеа да ја заврши маратонската трка на Светското првенство во Токио, освојувајќи го 62. место.
Трката на овој светски шампионат ја почнаа 73 атлетичарки, седум од нив не успеаја да стигнат до целта во тешки услови на високи температура и голема влага на воздухот. Македонката успеа да ја мине целата делница за време од 3:01:48, стигнувајќи претпоследна од сите атлетичарки кои го комплетираа маратонот (зад неа се најде единствено Мексиканката Хернандез Флорес со 3:02.
Првото место и припдна на Перез Џепчирчир од Кенија со време од 2:25:43, која во драматичен финиш беше подобра за само две секунди од Тигст Асефа од Етиопија.
Бронзата заврши на градите на Уругвајката Џулија Патерннен, која стигна до целта за време од 2:27:23 часа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

