Поп Ацев без конкуренција триумфираше на Олимпискиот пливачки маратон во Охрид

Најдобриот македонски маратонец Евгениј Поп Ацев без апсолутно никаква конкуренција триумфираше во олимписката дисциплина на 10 километри на Олимпискиот пливачки маратон кој се одржа денеска во водите на Охридското езеро. Маратонот се одржа во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ и Националната пливачка федерација на Македонија, а со поддршка од Агенцијата за млади и спорт.

Во трката на 5 километри, во машка конкуренција најдобро време оствари Андреј Стојаноски (1.07.36.45 ч.), втор пристигна Божидар Мирчески, а трет Давид Краљевски.

Во женска конкуренција првото место на 5 километри го освои Јана Костадиновска, пред Калина Стојчевска и Лина Јордановска.

Во трката на 2,5 километри во машка конуренција победи Андреј Крстевски, втор беше Марио Ѓузиќ, а трет Миле Манов. Во женска конкуренција на стартот се појавија само две натпреварувачки, Калина Стојановска и Рита Зекири која имаше за околу седум минути послабо време од ривалката.

ФОТО: www.ohridnews.com.mk

Се вчитува...