Поп Ацев на 13. место на 25 километри на СП во Гванжу

Евгениј Поп Ацев се пласираше на 13. место на 25 километарската трка на Светското првенство во водени спортови во Гванжу во Јужна Кореја. На трката во далечинско пливање на 25 километри тој постигна резултат од 4.54.39.9 часа со што беше за три и пол минути послаб од првопласираниот Французин Аксел Рејмонд. На трката учествуваа 24 пливачи, од кои 22 ја завршија.

На Шампионатот, Македонија има уште четири пливачи, Филип Дерковски, Давор Петровски, Миа Крстевска и Ева Петровска

Се вчитува...