Евгеник Поп Ацев имаше одличен настап на маратонот Капри – Наполи, каде македонскиот пливач го освои второто место, зад Италијанецот Франческо Гетини.
Во конкуренција на квалитетни пливачи на 53. издание од оваа престижна маратонска трка Македонецот беше на висина на задачата, стигнувајќи до втората позиција на пиедесталот, пред Ларс Ботелие од Холандија кој ја заврши трката како третопласиран.
Во женска конкуренција најдобри беа Италијанките Поцобон и Франко, додека третата позиција и припадна на Геихо од Аргентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА