Поплавата ја „уништи“ Мото ГП патеката во Валенсија

Поплавите во Валенсија ја уништија тркачката патека Рикардо Тормо во Мото ГП. Делови од познатата патека изгледаат непрепознатливо и се полни со кал. Според Ројтерс, катастрофалните поплави што го погодија регионот на Валенсија предизвикаа голема штета на патеката Рикардо Тормо во Честе.

На оваа патека е закажана последната трка од сезоната во Мото ГП на 17 ноември, меѓутоа истата беше откажана. Така завршницата во Мото ГП ќе биде преместена на патеката Каталуња во Барселона.

Најмалку 217 лица загинаа во катастрофалните поплави во Шпанија. Се очекува бројот да биде поголем, со оглед дека има десетици исчезнати.

Се вчитува...