Вардар во рамките на 23. коло утре од 14 часот гостува во Ѓорче Петров против Македонија ЃП. По претходниот триумф против Брегалница, „вардарци“ посакуваат нова победа како би ја одржале разликата од шест бода со Шкендија на врвот од табелата.
И левокрилниот дефанзивец Горан Попов верува дека може да се дојде до триумфот, со што активно ќе се продолжи трката за одбрана на шампионската круна.
„Секако дека, како и на секој натпревар, ние одиме на победа. Така ќе биде и против Македонија Ѓорче Петров. Во овие неколку мечеви се покажа дека во нашето првенство не смееме никого да потцениме, и нема да го сториме тоа. Одиме да дадеме максимум и да го добиеме тој натпревар против Македонија. Нашиот противник има неколку млади играчи кои што сакаат да се докажат и ќе бидат мотивирани против Вардар. Сепак, сметам дека сме поквалитетни и дека на крајот низ добра игра ќе успееме да ги освоиме бодовите од ова гостување“ – смета дефанзивецот на Вардар во изјава за официјалната интернет страница на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА