Попов во Букурешт: „Сега е време да ја победиме Украина“

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Роберт Спасовски (ФОТО)

Еден од најдобрите македонски фудбалери во 21. век, поранешниот репрезентативец и истакнат интернационалец Горан Попов е во Букурешт каде денеска ќе ја бодри Македонија на дуелот против Украина, земјата каде мина добар дел од фудбалската кариера стекнувајќи голем број пријатели.

„Имам многу пријатели во Украина, и актуелниот селектор Андреј Шевченко и Милевски, и уште многу друго. Знам дека имаат исклучително квалитетна селекција, но мислам дека сега е наш момент, сега е наше време и им порачав дека денеска е денот да ги победиме. Им ја посакуваме сета храброст и среќа на нашите репрезентативци“ – ни изјави Попов.

Се вчитува...