Попович „фантазира“ за Југославија – „Замислете заедно да се Србите, Словенците, Хрватите…“

Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович повторно стана носталгичен за поранешна Југославија, откако имаше можност на дело да го види Лука Дончиќ.

Тој по поразот на неговиот Сан Антонио од Далас 104-99 имаше само зборови на пофалба за извонредниот Словенец, но и повторно говореше за тоа колку би била моќна репрезентацијата на Југославија, доколку таа не се распаднеше.

„Замислете цела Југославија да е заедно и сите играчи да играат за иста репрезентација. Тоа е неверојатно возбудливо. Знаете, Словенци, Срби, Хрвати… Би било многу кул. Дончиќ секогаш ме потсетува како сите играчи кои ќе дојдат од тие простори стануваат неверојатни. Се сеќавам на Дражен, на Кукоч, Дивац, Паспаљ… Изгледа дека таму нема просечност. Штом дојдат тие се одлични“, изјави Попович. 

 

Се вчитува...