Францускиот кошаркар Виктор Вембанјама ги оправда очекувањата на фановите на Сан Антонио. Првиот пик на драфтот во 2023 година има импресивна прва година во НБА лигата каде бележи просек од 20.8 поени, 10.4 скокови, 3.5 асистнеции и 3.5 блокови на 60 одиграни натпревари.
Изминатата вечер во предводеше својот тим со неверојатен дабл-дабл од 33 поени и 15 скокови на кој додаде и 7 асистенции и 7 блокови па беше тема на разговор за тренерот Грег Попович на пресконференцијата за медиуми. Искусниот стартег не ги криеше импресиите.
„Вембанјама е мултиталентиран млад човек. Ќе ни покаже работи кои никогаш не сме ги виделе. Денешниот натпревар беше еден од нив. Тој е се подобар во контакт играта, се навикна дека противничката одбрана посебно внимава на него. Тој е во тешка позиција и одлично се справува со тоа.
Се возбудувам само кога ќе видам дека имам постаро шише француско „Бордо“ и се грижам дека не е премногу старо, а потоа сфаќам дека всушност е совршено. И сите мои најдобри вина се постари од Виктор. Тоа е вистината“, изјави Попович.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

