Eкс-селекторот на Словенија, Игор Кокошков во интервју за српскиот медиум „Неделник“ го откри интересни моменти од неговиот прв разговор и запознавањето со тренерот на Сан Антонио, Грег Попович во 2001 година. По една пресметка меѓу Сан Антонио и ЛА клиперс, Кокошков разменил неколку зборови со Попович и му ја кажал причината зошто Попович е толку добар тренер, а добил и легендарен одговор.
„Кога работев во Клиперс, по еден натпревар со Сан Антонио се сретнав Грег Попович и морав да му кажам зошто е толку добар во својата професија. Му пријдов и му реков: „Ти си добар тренер затоа што си Србин“, а тој на тоа одговори: „Нијесам Србин, јас сум Црногорец, и не сум добар тренер, туку го имам Тим Данкан во тимот“, изјави Кокошков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА