Поповски делегат на Фенербахче – Феенорд, Качевски суди во Ереван, Јакимовски контролор во Баку

Филип Поповски од Македонија ќе биде делегат на реванш натпреварот од 3. квалификациско коло во „пеколот“ во Истанбул, каде се среќаваат Фенербахче предводен од Жозе Мурињо, и екипата на Феенорд. По првиот меч, Холанѓаните имаат предност од 2-1, и сега турскиот гигант ќе треба да брка победа, ако сака да остане во игра за пласман во плеј-оф фазата.

Македонскиот интернационален судија Јован Качевски ќе дели правда во Лигата на Конференции, во реваншот од третото квалификациско коло помеѓу Арарат Ерменија и Спарта Прага. Него ќе му помагаат Бранко Путилин и Тоше Ицев, додека четврти судија ќе биде Фуркан Идризи.

Уште еден Македонец ќе има обврски во Лигата на Конференции идната недела. Станува збор за Дејан Јакимовски, кој ќе биде контролор на судењето на дуелот помеѓу Сабах од Азербејџан и Левски Софија, кој се игра во Баку.

Се вчитува...