Мартин Поповски уште еднаш потврди дека е големо засилување на Пролет за сезонава, откако со осум погодоци учествуваше во победата на гостувањето против Радовиш, триумф со кој скопскиот клуб го обебеди пласманот во плејофот. Македонскиот репрезентативец е задоволен од остварениот успех, но и потенцира дека со најновите засилувања тимот ќе се обиде да се избори за излез во ракометна Европа.
„Го заверивме местото во плејофот, што беше наша прва цел за сезонава. Против Радовиш пресуди стартот на второто полувреме, кога успеавме да се одлепиме и да го откажеме противникот. Со трансферите на Ангелов и на Мујиќ добивме на искуство и на квалитет на двете позиции од тимот кои не беа најкритични во првиот дел од сезоната. Сепак, со тоа се зголемуваат и апетитите за остатокот од сезоната. Ни останаа уште три кола од Супер-лигата, во кои ќе настојуваме што подобро да се воиграме до крајот на сезоната. Потоа, во плејофот ќе се обидеме да се избориме за место во европските купови за следната сезона, уште една зацртана цел пред нас“, вели истакна Мартин Поповски.
Пролет во следното коло од Супер-лигата на домашен терен ќе го пречека тимот на Вардар Јуниор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА