Удобната предност во второто полувреме му овозможи на Лино Червар против Ангола да им даде шанса на дел од играчите кои вообичаено седат на клупата за резерви во нашиот национален тим. Еден од нив е и Мартин Поповски, членот на Вардар кој сезонава почна да добива шанса на неколку средби во првиот тим на „црвено-црните“, за да се најде и на конечниот список на патници за Франција. Поповски одигра солидно, а по завршувањето на натпреварот не го криеше задоволството од своето мундијалско деби.
„Ова беше мој прв натпревар на едно светско првенство, секако дека сум пресреќен, постигнав и еден гол. Млади сме, правиме грешки, но ќе извлечеме поуки од нив и ќе се поправиме. Мислам дека во натпреварот влеговме нешто поопуштено, затоа од самиот почеток имавме проблеми, но успеавме да влеземе во посакуваниот ритам и на крајот да славиме заслужена победа. Ќе извлечеме поука и од овој дуел, и Ангола како Ангола игра се подобро, а ние мораме да се испотиме за да славиме против секој противник. Сега пред нас е Словенија, меч на кој ќе се обидеме да забележиме уште една победа и да ги израдуваме нашите фанови“ – изјави Поповски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА