ЕКИПА во Гдиња,
Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски
Оваа млада Македонија е храбра, и не се плаши од никого. Не застанува ниту кога ќе загуби убедливо 5-0 од Шпанија. Веќе на следниот меч повторно оди на победа, и беше на прагот да ја оствари против Србија, иако ја испушти во последен момент. Вечерва следи третиот дуел од групата Б против Португалија, можеби ќе биде и – трета среќа.
„Португалија е силна репрезентација, но ние веруваме во нашите способности. Од никого не се плашиме и ќе одиме да се надигруваме со Португалците. Подготвени сме за предизвикот, мамсимално фокусирани, иако се чувствува и мал замор поради турнирскиот систем на натпреварување. Но, не се сомневам дека сите кои ќе истрчаат на теренот, ќе бидат максимално пожртвувани како и досега, ќе се борат за секоја топка. Сакаме на убав начин да ја завршиме оваа убава приказна со настапот на Европското првенство во Полска“, изјави Попзлатанов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА