Поради бизарна причина беа прекинати сите мечеви на УС опен

Неверојатни сцени беа видени на УС Опен, поточно на натпреварите кои се одиграа синоќа во Њујорк. Имено, сите натпревари беа прекинати по десет минути, а причината беше апсолутно бизарна.

Во зградата каде што се наоѓа системот „соколово-око“ се вклучил аларм за пожар, при што сите биле принудени да ја напуштат зградата.

Оваа вест стигнала до супервизорите на турнирот, а потоа и до судиите на теренот, а на тенисерите им било објаснето зошто морало да се прекинат натпреварите. На крајот се испостави дека е лажна тревога, па сите брзо се вратија на своите места и натпреварите продолжија.

Се вчитува...