Поради бизарна причина, Ферстапен не смеел да изнајми автомобил во Португалија

Најдобриот возач на Формула 1, Макс Ферстапен, на одмор во Португалија доживеал непријатен момент. Ф1 првакот сакал да изнајми автомобил за да се вози на патеката Портимао. Станува збор за автомобилот Мерцедес АМГ ГТ, кој може да достигне брзина од 313 километри на час.

Меѓутоа правилото на агенцијата за изнајмување било дека тој автомобил може да го изнајмат само лица постари од 30 години, што значи дека Ферстапен бил за четири години помлад и не можел да го изнајми.

За негова среќа, тука бил менаџерот Рајмонд Вермулен кој што ги зел клучевите и ги предал на Ферстапен за да може да вози.

Се вчитува...