Поради бизарна причина прекинат меч во во НБА лигата (ВИДЕО)

Интересен момент се случи на натпреварот меѓу Оклахома сити тандер и Јута џез кој актуелниот шампион во НБА лигата го доби со убедливи 131-101.

Машината, која испушта чад и се наоѓа зад кошот, експлодираше без предупредување кога Чет Холмгрен се обиде да забие. Сето тоа траеше некое време, а Холмгрен дури и успеа да забие додека зад кошот се креваше чад.

Натпреварот, сепак, беше прекинат од судиите додека машината не беше поправена.

Се вчитува...