Манчестер сити се пласираше во финалето на Светското клупско првенство откако вчера славеше над азискиот шампион Урава со 3-0.
Во финалниот меч избраниците на Пеп Гвардиола ќе се сретнат со бразилскиот Флуминенсе, но шпанскиот стратег нема да може да смета на тројца свои фудбалери Ерлинг Халанд, Кевин де Брујне и Жереми Доку.
Целиот проблем настанува поради бизарното правило кое вели дека доколку некој од фудбалерите не бил на клупата за резерви на првиот меч од клупското првенство нема право да настапи на останатите мечеви.
Токму, ова трио мечот против Урава го следеше од трибините, па затоа ќе Гвардиола ќе има големи проблеми околу составувањето на тимот за финалниот меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА