Џанлуиџи Џиџо Донарума не доби најдобар пречек по неговото враќање во Милано за мечот од полуфиналето на Лигата на нации против Шпанија. Италијанците го загубија овој меч на „Сан сиро“, а веќе од фудбалската федерација размислуваат следните натпревари веќе да не ги играат на стадионот во Милано.
Следниот натпревар од квалификациите за светското првенство во Катар во 2022 година против Швајцарија, Италија дефинитивно нема да го игра на „Сан сиро“. Се уште не се знае кој град ќе биде домаќин на овој меч, но како најголем фаворит е Торино и новата „Алијанц арена“ на Јувентус.
Во меѓувреме Донарума направи тетоважа во знак на смирување со навивачите. Тој на својата десна рака доби привремена тетоважа на Милан. Исто така ги оправда и свирежите кои ги доби за време на неговиот настап против Шпанија.
„Поминав осум години и враќањето на Сан Сиро секогаш ќе биде емотивно. Во ред се свирежите. Пораснав тука и сум навивач на Милан. Осум години не е лесно да се заборават. Милан уште ми е во срце“, рече Донарума кој вети дека тетоважата ќе стане трајна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА