Поради допинг казахстански спортист остана без златото од ЛОИ

Казахстанскиот кревач на тегови, Нијату Рахимов остана без златниот медал од олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година поради допинг.

Судот за спортска арбитража во Лозана соопшти дека Рахимов е виновен за „четири земени урини“ и дека се поништуваат сите негови резултати од март 2016 година.

Покрај одземањето на титулата од Рио тој доби забрана за учество во сите натпреварувања осум години. Златото од игрите во Рио ќе го добие Кинезот, Лиују Сјаојун кој беше сребрен.

Се вчитува...