Пријателскиот натпревар помеѓу Марибор и Македонија ЃП кој требаше да се игра на стадионот во Горња Радгона, е одложен поради силен дожд. Теренот на кој требаше да се игра мечот е натопен со вода, и неговиот старт е одложен, а прашање е дали воопшто и ќе се одигра.
Натпреварот требаше да почне во 17:30 часот, но со оглед дека нема услови, неговото одржување е под голем знак прашалник. Тоа требаше да биде прв контролен меч на „лавовите“ на подготовките во Словенија.
Следниот пријателски меч е закажан за 26.06 против Целје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА