Поради ЕМОФ ФЦСБ официјалниот тренинг го одработи на ФФМ (ВИДЕО)

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија утре на домашен терен ќе го пречека романскиот ФЦСБ во првиот натпревар од двомечот од 2. коло во квалификациите во Лигата на шампионите.

Поради Европскиот младински олимписки фестивал, гостите од Романија официјалниот тренинг пред утрешниот меч го одработија на тренинг комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“.

НАтпреварот кој е закажан за утре на арената „Тодор Проески“ е со почеток во 20 часот.

 

Се вчитува...