Иако им беше забрането да дојдат во Атина на натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите во кој АЕК го пречекува Динамо, навивачите на загрепскиот клуб стигнаа Во Грција и направија серија инциденти во Неа Филаделфија, крајот каде што се наоѓа стадионот „Аја Софија“.
Откако беше убиен еден навивач на домаќините, а беше повредено и 12 годишно девојче информациите од Грција велат дека вечерашниот натпревар може да биде одложен.
Официјална одлука се уште нема, а се очекува во текот на денот УЕФА да излезе со свое соопштение околу целиот хаос и дали ќе биде дозволено да се игра натпреварот од 3. квалификациско коло. Претставниците на грчкиот клуб демонстративно го напуштиле состанокот за безбедност и за целиот хаос го обвиниле хрватскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

