Поради големата трагедија во Белград – Без музика, и без вообичаен спектакл, на утрешниот меч меѓу Партизан и Реал

На четвртиот натпревар од четвртфиналната серија во Евролигата меѓу Партизан и Реал Мадрид утре во „Штарк арена“ нема да има музика ниту вообичаен спектакл кој е препознатлив за натпреварите на црно-белите. Сето тоа поради огромната трагедија која денеска се случи во Белград.

14-годишно момче денеска пукаше во Основно училиште на Врачар, и уби осум деца и еден вработен во обезбедувањето, а уште четири деца и наставничката по историја се борат за живот, соопштија од МВР на Србија.

Сето тоа донесе огромен шок во Србија и регионот, но и во спортскиот свет. Поради тоа и организаторите, од КК Партизан, најавија дека нема да го има вообичаениот спектакл во арената и дека натпреварот ќе почне со минута молк во знак на почит за настраданите во трагедијата.

Партизан има водство од 2-1 во серија, и му недостасува само победа за да пласира на Фајнлфор од Евролигата, кој ќе се игра во Каунас, Литванија, од 19. до 21. мај.

Се вчитува...