Одложен е дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар кој требаше да се игра на 18 октомври, на само ден пред Локалните избори 2025 во Македонија.
Одложени се и сите натпревари од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига, на препорака на Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде е побарано поради локалните избори да се сведат на минимум сите спортски активности во период од 14 до 20 октомври.
Токму поради тоа, од ФФМ е одлучено да се помести целото коло веднаш по репрезентативната пауза и закажаните натпревари за 17., 18. и 20 октомври. Согласно календарот, на 17 октомври беа закажани дуелите Силекс – Пелистер, Струга – Брера, за 18 октомври беа закажани дуелите: Работнички – Македонија ЃП и Шкендија – Вардар, а на 20 октомври требаше да играат Башкими – Шкупи и Тиквеш – Арсими. Сите тие дуели ќе бидат преместени за следниот викенд од 24 до 26 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

