Се чекаше седум години патеката Нирнбургринг да биде домаќин на Формула 1 циклусот, но поради лошото време болидите на двата петочки тренинга не искочија на патеката.
Поради дожд хеликоптерите кои треба да летаат над патеката мораа да остана приземјени, а поради тоа организаторот одлучи да ги откаже тренинзите. Доколку се случи некој немил настан, хеликоптерите се тие кои треба да го пренесат во болница повредениот возач и поради тоа мораше да бидат откажани двата петочки тренинзи.
Останува да се надеваме временските услови да бидат подобри во сабота и да може да се одржи третиот тренинг и квалификациите, додека трката за ГН на Ајфел е закажана за во недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА