Поради лошото време во Англија под знак прашалник дербито меѓу Ливерпул и Јунајтед

Дерби натпреварот од 20 коло во Премиерлигата кој утре треба да се игра  меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед е пред одложување поради лоши временски услови кои ја зафатија Англија.

Националната метеоролошка служба на Велика Британија предупреди дека регионот на северна Англија утре ќе биде погоден од снежно невреме. Прогнозата вели дека снежната покривка ќе биде меѓу три и седум центиметри во поголемиот дел Англија. Ова би можело да предизвика нарушувања во сообраќајот, доцнења, па дури и откажување на летови и возови.

Предупредувањето, кое одговара на „портокалов код“ за опасни временски услови, ќе биде во сила од 21 часот вечерва до 23:59 часот утре.

Претходно, на 7. декември, градското дерби меѓу Евертон и Ливерпул беше одложено поради слични временски услови.

Се вчитува...