Покрај Килијан Мбапе кој е незадоволен во Пари Сен Жермен, од францускиот шампион ќе си оди и спортскиот директор Луис Кампос, пренесуваат медиумите во оваа земја.
Засега не е позната точна причина за заминувањето на Мбапе, кој наводно се чувствувал предаден од раководството, додека Кампос не е задоволен поради целата ситуација со францускиот напаѓач.
Ова би бил дополнителен удар за францускиот тим кој се надеваше дека конечно ќе го освои трофејот во Лигата на шампиони, откако летово успеа да го задржи Мбапе во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА