Поради Меси падна нов рекорд во МЛС

Лионел Меси немаше среќа и погоди две стативи, спречувајќи го Интер Мајами да го победи Чикаго Фајр во натпревар од американското првенство. Натпреварот на „Солјер Филд“ заврши 0:0 и влезе во историјата откако беше поставен нов рекорд на домашна посетеност Чикаго – 62.358.

Локалните медиуми пренесуваат дека сето тоа е поради интересот за Меси, кој е во исклучителна форма и има шест гола во последниот месец. Лео беше стартер, но среќата му го сврте грбот. Не успеа да постигне гол, иако имаше две стативи од слободни удари.

Се вчитува...