Лео Меси по 21 година помината на „Камп Ноу“ ќе го напушти клубот, а прв во редот за неговиот потпис е ПСЖ. Парижани се едни од малкуте клубови кои можат да ги дозволат услугите на Аргентинецот, а се чини и дека долгогодишната желба на „Светците“ конечно ќе се реализира.
Доаѓањето на Меси на „Паркот на Принцовите“ значи и откажување од интересот за Пол Погба бидејќи овие два трансфера, покрај досегашните засилувања би значеле и надминување на финансискиот фер-плеј.
Трансферот на Французинот требаше да го чини ПСЖ околу 50 милиони евра, но играчот за врска и покрај желбата за заминување од Манчестер Јунајтед и следната сезона ќе биде дел од „црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА