Поради фудбалскиот меч во Лигата на шампионите меѓу Бенфика и Реал Мадрид двократниот европски шампион во ракомет Вардар својот меч против Бенфика во Лигата на Европа ќе го одигра во нов термин.
Наместо во првично закажаниот термин од 20.45 часот по средноевропско време, мечот ќе се игра на 17 февруари 2026 година, со почеток од 18.45 часот по средноевропско време, односно 17:45 часот по локално време во Лисабон.
Причината за промената е поклопување на терминот со натпревар од фудбалската Лига на шампионите на УЕФА, во кој настапува Бенфика, па поради тоа беше направена корекција на почетокот на ракометниот дуел.
Вардар во главната фаза од Европската лига ќе игра во група со Бенфика, Мелсунген и Кристијанштад, а дуелот во Лисабон ќе биде прв тест за „црвено-црните“ во оваа фаза од натпреварувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

