Фудбалската Асоцијација на Ангија (ФА), покрена дисциплинска постапка против стратегот на премиерлигашот Арсенал, Арсен Венгер. Францускиот стручњак непримерно реагираше на мечот против Барнли, откако по црвениот картон што го заработи влезе во физички конфликт со четвртиот судија Ентони Тејлор, туркајќи го додека овој му објаснуваше дека мора да се упати кон соблекувалните.
„Искрено жалам за она што се случи. Бев нервозен, но мислев дека ми е дозволено да стојам во тунелот кон соблекувалните. Реагирав непримерно и се кајам, требаше да замолчам и да се упатам кон соблекувалните“ – изјави Венгер.
Според англиските медиуми, францускиот стратег ќе заработи суспензија од два натпревари за ваквото свое непрофесионално однесување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА