„Поради Ноле почнав да се занимавам со тенис“

Американскиот тенисер Себастијан Корда освои трофеј ист ден со Новак Ѓоковиќ. Секако, неговиот трофеј во Вашингтон е многу помалку сјаен од златниот медал на ЛОИ, а Американецот со чешко потекло откри дека инспирација да почне да се занимава со тенис, бил токму најдобриот тенисер на светот.

„Татко ми беше тренер на Радек Степанек кога јас бев момче, а секое лето одевме на УС Опен. Во тоа време тренирав и хокеј на мраз и моите родители велеа дека јас морам да изберам еден од нив, бидејќи два спорта се премногу. Се заљубив во тенисот токму на УС Опен. Радек играше против Новак на „Артур Еш“, а целиот стадион беше полн. Кога се вратив дома, решив дека тоа е спортот што сакам да го тренирам. Тогаш сфатив колку сакам да тренирам тенис“, изјави Корда. 

Се вчитува...