Поради повреда и ковид-19, Португалија остана без двајца фудбалери

Фудбалската федерација на Португалија во текот на вчерашниот ден соопшти дека за следните два натпревари останува без услугите на двајца фудбалери, а селекторот Фернандо Сантош упати повик до нов фудбалер.

Рафаел Гереро и Франциско Тринкао нема да бидат дел од Португалија на престојните два меча против Катар (пријателски) и против Луксембург (квалификациски).

Гереро поради повреда нема да се стави на располагање, а Тринкао добил позитивен тест на ковид-19, па поради тоа отпаѓа за својата селекција.

Португалија веднаш испрати повик до Нелсон Семедо кој се приклучува на националниот тим.

Се вчитува...