Поради повреда (скинат бутен мускул), Мартин Стојанов нема да патува за натпреварот со Саудиска Арабија. Денеска на Стојанов му беа извршени детални лекарски прегледи и беше потврдена повредата.
Селекторот Милевски нема да повикува друг фудбалер на местото на повредениот Мартин Стојанов, поради временски ограничувања во однос на добивање виза за ОАЕ.
Селекцијата вечерва во 20:20 часот преку Истанбул патува за Абу Даби каде се игра дуелот со Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА