Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски повика пет нови фудбалери за средбата со Црна Гора, последна во квалфикациите за пласман на Европското првенство, која на 17. ноември се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Виктор Крстевски од Вардар, Енсар Љума од Шкендија, Ване Јованов од Академија Пандев и Славе Маркоски од Септември Софија се повикани дополнително поради проблемите со позитивни играчи на Ковид-19 кои ги затекнаа младите репрезентативци.
Натпреварот со Црна Гора се игра во вторник (17. ноември) од 13:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА