Поради Реал Мадрид, Мбапе одбил понуда од 250 милиони евра годишно

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе, минатото лето го напушти ПСЖ, и после седум години се пресели во Реал Мадрид. Тој замина без обесштетување, и го исполни својот сон, при што го налути претседателот на клубот, Насер ал-Хелаифи, но и навивачите на парискиот клуб.

ПСЖ на Монако му плати отштета од 180 милиони евра за Мбапе уште додека беше тинејџер и дебело го плати Французинот додека беше во ПСЖ. „Л’Екип“ сега открива дека Мбапе го напуштил Париз не само и покрај сето горенаведено, туку и покрај фактот што таму требаше да заработи неверојатна сума оваа сезона.

Мбапе го продолжи договорот со ПСЖ на три сезони во 2022 година, но со клаузула дека играчот ќе одлучи дали ќе остане таму во последната од наведените сезони. Тоа е сегашната, 2024/25, а Мбапе уште во 2023 година одлучи дека нема. Ова му го соопштил на клубот преку писмо испратено во летото пред минатата година. Ал-Хелаифи беше бесен бидејќи тоа значеше не само дека го губи својот најдобар и најскап играч, туку и дека си заминува без обештетување.

„Л’Екип“ открива како ПСЖ направил се за да го задржи Мбапе во оваа, трета сезона од споменатиот договор: „За тоа му понудија плата од 70 милиони евра, што е за 20 отсто зголемување во однос на минатата сезона. Покрај тоа, Мбапе беше предвиден за дури 180 милиони евра во различни бонуси.

Исто така истакнуваат дека понудата на ПСЖ ниту одблиску не била слична со онаа во Реал. Мбапе таму заработува 70 милиони евра годишно (плата 32 милиони и дополнителни бонуси), со тоа што доби бонус од 100 милиони евра при потпишувањето на договорот.

Французинот сезонава постигна 30 голови во 43 одиграни натпревари сезонава.

Се вчитува...