„Поради Реал Мадрид нив го измислија ВАР, секогаш против нив се чувствував ограбен“

Поранешниот фудбалер на Јувентус и Баерн Минхен, Артуро Видал, ја разбранува фудбалската јавноста поради неговата изјава за ВАР технологијата и за Реал Мадрид.

Тој смета дека секогаш кога играл против Реал, секогаш се чувствувал ограбен од судиите.

„Секогаш кога играв против Реал Мадрид, се чувствував ограбен. Благодарение на нив, го измислија ВАР. Веќе имаше премногу грабежи“, изјави Видал.

Видал во својата кариера играше за Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн Минхен, Барселона и Интер, пред да замине во Бразил, со Фламенго и Атлетико Паранензе, а во моментов настапува за чилеанскиот Коло-Коло.

Се вчитува...