Легендарниот холандски фудбалер Марк Овермарс, минатиот месец поднесе оставка од Ајакс поради секс скандал во кој се најде. Овермарс се реши на ваков чекор откако беше откриен дека праќал фотографии од својот полов орган на жени вработени во клубот.
„Посрамотен сум, не сфатив дека ги преминав сите граници, но сега ми е јасно. Се извинувам. Тоа е неприфатливо, но сега е доцна“, рече тогаш Овермарс.
Многумина останаа шокирани по ова откритие, но само еден месец по скандалот, овој легендарен фудбалер успеа да најде нов ангажман. Тој во иднина ќе ја извршува функцијата технички директор на белгиски Антверпен, тим кој се реши да му пружи шанса и покрај скандалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА