Поради трагедијата, медиумските активности на репрезентацијата ќе бидат сведени на минимум

Фудбалската федерација на Македонија, информира дека по повод огромната трагедија во Кочани, медиумските активности на фудбалерите на репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум пред почетокот на квалификациите за пласман на Светското првенство, а ќе бидат одложени и двата пријателски натпревари на репрезентацјиата до 16 години против Естонија.

„Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност, праќа информација дека медиумските активности со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум, односно само на неопходните обврски. Исто така, одложени се пријателските натпревари на Македонија до 16 години кои требаше да се одиграат со Естонија во Скопје. Ви благодариме за вашето разбирање во овие тешки моменти“, велат од ФФМ.

Се вчитува...