Поради ВАР вратен од соблекувална за да добие црвен картон (ВИДЕО)

На натпреварот од полското фудбалско првенство, ВАР системот предизвика чудна ситуација откако фудбалер кој доби втор жолт картон и веќе беше во соблекувалната, беше вратен за да добие директен црвен.

Вилијам Реми од судијата доби втор жолт картон по што мораше да го напушти теренот. Но, по интервенција од ВАР собата, главниот арбитар го повика назад и му додели директен црвен и го остави комплетно збунет.

Разлика во казната меѓу два жолти и директен црвен има, но ситуацијата направи забуна кај сите на теренот и на трибините.

Се вчитува...