Невремето, дождот и поплавите кои парализираа делови од Словенија се примарна битка што ја води државата заедно со армијата и сите расположливи сили. Фудбалот моментално е на втор план додека се води оваа борба, па затоа Фудбалската федерација на Словенија ги одложи сите натпревари од 3. коло на националниот шампионат поради невреме и поплави предизвикани од обилните врнежи во некои делови од земјата.
Фудбаласката федерација на Словенија во петокот најпрвин го одложи натпреварот кој требаше да се одигра тој ден помеѓу Алуминија и Копер, а потоа донесе одлука за одложување на целото коло. Одложено е и целото коло од Втората лига на Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА