Поради здравствени проблеми мораше да се збогува со фудбалот

Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ и официјално стави крај на професионалната кариера, по низата здравствени проблеми кои ги имаше периодов. Фудбалерот на Кордоба беше принуден на оваа одлука иако има само 27 години.

Братот на српскиот репрезентативец Немања Гудеља минатата година во два наврати имаше проблеми со срцето, поради што беше хоспитализиран.

Неодамна повторно му се слоши за време на еден натпревар и тоа беше знак дека е време да стави крај на кариерата. Драгиша Гудељ во својата кариера настапуваше за младинскиот тим на Ајакс, Волен, „Б“ тимовите на Гимараеш и Кадиз, а потоа и за Кордоба каде ја заврши кариерата.

Се вчитува...