Поради жештините, УЕФА го промени терминот за европскиот натпревар на Тиквеш

Поради жештините кои владеат во нашиот главен град, УЕФА го промени терминот за првиот натпревар од 1. квалификациско коло во Конференциската лига меѓу кавадаречки Тиквеш и исландски Бреидаблик.

Место првично утврдениот термин од 17:30 часот, натпреварот во четврток (11. јули) ќе се игра со почеток од 20:30 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Тикваш веќе ги пушти во продажба билетите за натпреварот за кој билет чини 200 денари, а ВИП влезниците се по цена од 500 денари.

Се вчитува...