Боб и скелетон федерацијата на Канада донесе одлука да ја „ослободи“ двојната олимписка шампионка, Кајли Хемфрис и да и дозволи да се натпреварува за САД. Ваквата одлука, најсилниот адут да му се препушти на најголемиот ривал доаѓа откако Хемфрис го обвини за злоставување селекторот на боб тимот на Канада.
Хемфрис која освои златни медали на Олимписките игри во 2010 и во 2014 година како и бронза на Игрите во 2018 година, недамна се омажи за Американец што и обозможува право на настап за САД.
Од Американската федерација го поздравија потегот на Канаѓаните потенцирајќи дека е правилна одлката да се почитува желбата на спортистката.
Канада пак информираше дека била спорведена истрага, но оти „не биле пројандени доволно докази за да биде потврдено обвинувањето“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА