Порака од Јувентус: Роналдо, немој да даваш гол против нас

Роднината на претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, Лапо Елкан вели дека од неговиот добар пријател Кристијано Роналдо побарал една услуга кога тој од Торино премина во Манчестер јунајтед.

Тој вели дека од португалскиот ас побарал ако може доколку игра против Јувентус да не постигне гол против нив.

„Кристијано Роналдо ми е пријател и многу го почитувам. Сигурно дека постои жал што замина, но нашето пријателство ќе остане засекогаш. Се надевам дека ќе има одлични партии за Јунајтед, но доколку се случи да игра против нас му порачав ако може да не ни даде гол“, изјави Елкан. 

Инаку, Елкан е еден од наследниците во семејството Ањели, но нема никаква функција во клубот.

Се вчитува...