Врие меѓу навивачите на Работнички по новата сезона која минува во катастрофална финансиска состојба и огромни долгови на управата на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.
Популарните „Сити Парк Бојс“ преку соопштение побараа оставки од целокупната управа, најавија дека веќе нема организирано да ги бодрат своите миленици, а денеска на дуелот со ТФТ на местото каде што требаше да се најдат навивачите на Работнички беше оставена само порака: „Салата во „Градски Парк“ е храм, а не место за лажен Пи-Ар срам“.
Асоцијацијата е јасна, раководството на Работнички и луѓето од Општина Центар со месеци гордо најавуваат дека Работнички се враќа во својот дом, но „центарци“ и првиот домашен меч во 2026 година го играат во салата во Кисела Вода, чекајќи новоизградената сала „Градски Парк“ да биде отворена и за официјалните натпревари, откако „центарци“ веќе почнаа со тренинзи во неа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

