Сопругата на Михаел Шумахер, Корина, во писмо упатено до германскиот музичар Саша Хершембах, упати зрак надеж за армијата фанови на седумкратниот светски шампион кои чекаат некаква порака дека опораувањето оди во позитивна насока.
Михаел Шумахер, пет години е во целосна изолација по несреќата што ја доживеа на скијање во француските Алпи во декември 2013 година, во која се здоби со тешки повреди на мозокот и шест месеци беше во кома.
Англискиот таблоид „Сан“, објави дел од писмото што му го испратила Корина Шумахер на германскиот музичар во знак на благодарност од семејството за неговата песна „Born to Fight“.
„Искрено сакам да се заблагодарам на Вашата порака и на убавиот подарок што ќе ни помогне во овие тешки моменти. Убаво е и голема поддршка е за нашето семејство што примаме толку убави желби. Сите знаеме дека Михаел е борец и дека никогаш нема да се предаде“ – пишува во писмото од Корина Шумахер испратено во знак на благодарност до Саша Хершенбах откако германскиот музичар им ја пратил снимката од неговата нова песна.
Содржината на писмото Хершенбах ја открил на германскиот магазин „Бунте“ и рекол дека не очекувал одговор и писмо кое е рачно напишано и потпишано од сопругата на Михаел Шумахер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА