„Пораката на Винициус не е точна, ќе бараме веднаш да се извини“

Премногу бура предизвика изјавата на играчот на Реал Мадрид, Винисиус кој кажа дека на Шпанија треба да и се одземе организацијата на Мундијалот во 2030 година, ако на трибините се продолжи со расизмот.

Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида го повика Бразилецот да се извини за неговите изјави околу расизмот.

„Се надевам дека веднаш ќе ја исправи својата грешка. Сите сме свесни дека во друштвото има расистички епизоди и дека ќе мораме да работиме напорно да се справиме со нив. Неправедно е кон Шпанија и кон Мадрид да се каже дека сме расистичко друштво“, рече Мартинез-Алмеида.

Шпанија заедно со Мароко ќе бидат организатори на Мундијалот во 2030 година.

Се вчитува...